Приведен криминалец по распишана потерница, кај него пронајден хероин

Од:

Вчера, во 11.30 часот, полициски службеници од ОВР Струга го привеле 36-годишниот Ф.Р. од скопско Шуто Оризари, информира МВР.

– Приведувањето е извршено врз основа на претходно распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Скопје каде бил на издржување казна затвор во траење од 2 години и 10 месеци. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени две пакувања хероин и по документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски