Полициски службеници од Оперативен тим потраги на подрачјето Кисела Вода синоќа во 22:55 часот го лишија од слобода С.К.(38) од Скопје, кој се барал со потерница од Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години, 4 месеци и 17 денови, од вкупно предвидената казна од 12 години и 10 месеци.
Од МВР денеска информираа дека тој е сторител на повеќе кривични дела, и тоа „убиство“, „насилство“ и „оштетување на туѓи предмети“, казниви по чл.123, чл.386 и чл.243 од Кривичниот законик.
С.К. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.