Приведен криминалец од Синѓелиќ баран со потерница

Од:

Денеска во 10.20 часот во село Синѓелиќ-скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 49-годишниот З.В. од село Сингелиќ, извести МВР.

– За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од пет години за сторени кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он