Приведен криминалец од Азербејџан, баран од Интерпол

Од:

Полицијата денеска во Скопје приведе 47-годишен жител на Азербејџан, баран со меѓународна потерница од Интерпол за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години.

– Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек за меѓународни потраги денеска во 11:40 часот го приведоа Б. А. (47) од Азербејџан, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан, кој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години, се вели во соопштението до МВР.

Оттаму информираат дека Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување на бегалците од правдата на територијата на Република Северна Македонија, но и надвор од неа во соработка со Интерпол и полициите на другите држави.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он