Полициски службеници од Полициско оддeление Теарце врз основа на наредба од Основен Суд Тетово, во текот на вчерашниот ден го приведоа лицето Џ.П.(22) од село Одри.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето е приведено за издржување на казна затвор од една година и е спроведено во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
