Приведен криминалец баран со потерница

Од:

Во Скопје, на улицата „Љуботенски пат“, вчера во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода 40-годишниот Р.С. од скопското село Љуботен, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки.

Како што денеска соопштија од МВР, за него биле распишани централна и меѓународна потерница за доиздржување казна затвор од две години 11 месеци и два дена. Р.С. е осуден на вкупна затворска казна од пет години и осум месеци, во врска со чл.418 од Кривичниот законик.

– Притоа, при запирањето, Р.С. удрил со возилото двајца полициски службеници, кои се здобиле со полесни повреди.

Р.С. бил совладан и предаден во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, по што ќе биде предаден во казнено-поправна установа за доиздржување на казната, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“