Приведен крадец во Струга, одземеното вратено на сопствениците

Од:

Денеска во 09 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода малолетник од Струга. Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба“ во канцеларија во Општинa Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, извести МВР.

– Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. Малолетникот бил задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор. За случајот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По негово целосно документирање, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он