Приведен крадец во Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Од:

На улица „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, вчера во 17:15 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода 33-годишниот Љ.Џ. од Скопје, информираат од МВР.

– Тој се сомничи дека во 16:40 часот на истата улица со употреба на сила од патничко возило одзел торба, која била пронајдена кај него и ќе биде вратена на сопственикот. Љ.Џ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полиција.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија