Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 19-годишниот М.М. осомничен за сторено кривично дело кражба на 13.10.2021 на улицата Костурски херои врз 43-годишниот Д.Д..
Од МВР денеска информираа дека е извршен службен разговор и против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 235 од КЗ, а украденото ќе биде вратено на сопственикот.