Приведен крадец во Скопје, ги признал делата

Од:

Во Скопје на улицата „Бутелска“ вчера во 14:40 часот полициски службеници од ЕВР Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 39-годишниот Ш.А. од Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, тој се сомничи дека на 22.01.2023 извршил кражба од зграда на подрачјето на Бит пазар, а на 28 и 29.01.2023 извршил тешки кражби во продажен објект и куќа на подрачјето на Чаир, при што одзел повеќе предмети.

Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата. Поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ