Приведен крадец во Штип

Од:

Полициски службеници од Одделението за крим полиција и Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија четири кривични дела „тешка кражба“, извршени во периодот од 12 до 26 октомври од маркети и подруми во станбена зграда на подрачјето на Штип, извести МВР.

– Поради сомнение дека ги извршил делата, од слобода бил лишен А.М.(39) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела. Дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани, соопшти МВР.

По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ