Вчера попладне, во 16.35 часот на ул.„Браќа Ламески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 30-годишниот Р.А. од Прилеп, извести МВР.
– Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.