Приведен крадец во центарот на Скопје

Од:

Вчера попладне, во 17.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по член 236 во врска со чл.19 од Кривичниот законик во објект на улица „Македонија“, информира МВР.

– Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години