На улицата „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје вчера во 13.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода 36-годишниот Ф.У. од Тетово.
Како што информираа од МВР, тој се сомничи дека на 09.12.2021 во дворот на УКИМ во Скопје од Е.Л.(27) од Скопје одзел мобилен телефон и пари и дека на 19.11.2021 пред влез во зграда ул.„11 Октомври“ од И.Ј.(76) одзел паричник со пари и лични документи.
Во присуство на Јавен обвинител оштетените извршиле препознавање на осомничениот. Во координација со Јавен обвинител против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.