Приведен крадец од Виница, расчистени две тешки кражби, одземеното е вратено на сопствениците

Од:

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница, по добиена судска наредба, вчера извршиле претрес на дом и други простории кај 40-годишниот О.А. во Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“ од две викенд куќи, едната во место викано Среден дол, атар на Виница, другата во место викано Вршник, атар на с.Блатец, виничко, извести МВР.

При претресот одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците.

О.А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски