Приведен крадец од Скопје, расчистени три тешки кражби

Од:

Во Скопје синоќа во 21.25 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Р.(41) од Скопје, поради тоа што извршил три тешки кражби во продажни објекти во трговски центар на подрачјето на Карпош.

Од МВР денеска информираа дека украдените предмети му биле одземени, а тој бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, се наведува во соопштението, против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик „тешка кражба“.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он