Приведен крадец од Штип, следува пријава

Од:

Вчера попладне во 13.15 часот во СВР Штип бил повикан 44-годишниот Т.З. од Штип, бидејќи по преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека извршил кривично дело „тешка каржба“, извести МВР.

– Имено, во периодот од 10.10. до 12.10.2022 тој со употреба на сила и алат под мост на река Брегалница на ул.„Борис Кидрич“ во Штип одзел 130 метри бакарен кабел, сопственост на телекомуникациска компанија, соопшти МВР.

При извршен службен разговор во полициска станица Т.З. го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он