Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 35-годишниот Н.П. од Битола, постапувајќи по претходна пријава на Д.А. од Битола дека од нејзиното паркирано возило „голф“ во Битола и бил украден паричник со пари и документи, извести МВР.
– По целосно документирање на случајот, против Н.П. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела „кражба“,по член 235 ст. 1, како и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, по член 251 ст.1 од КЗ, затоа што Н.П. ја употребил украдената банкарска картичка која била во паричникот, соопшти МВР.