Приведен крадец баран по потерници за извршени шест кривични дела

Од:

Вчера вечер во 19.00 часот на подрачјето на Центар-Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода 20-годишниот А.И. од Скопје, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Кај него биле пронајдени предмети и лични документи кои потекнуваат од кривични дела, извести МВР.

– По извршена дополнителна проверка било констатирано дека пријавениот се бара по неколку потерници поради постоење основано сомнение за сторени шест кривични дела во периодот од 06.05.2022 до 27.09.2022 на подрачјето на СВР Скопје, од кои три кривични дела „тешка кражба“ казниви по член 236 од Кривичниот законик и три кривични дека „кражба“ казниви по член 235 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари