Приведен измамник од Крива Паланка

Од:

На 28.9.2022 во 9.25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров, Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Б.Р.(28) од Крива Паланка, со престој во Скопје.

Тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР, и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврати му земал вкупно 1.782 евра.

При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Директорот на А-фудбалската репрезентација Дени Масев е во притвор

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени се пиротехнички средства

А1он

Измамник прелажал двајца мажи, одзел пари и автомобил

Горан Наумовски

Измамник земал пари од лековерни граѓани

Поднесено обвинение против еден од најголемите лажговци во американската политика

Приведен анестезиологот од Тетово кој снимаше и објавуваше пациенти на „ТикТок”

Горан Наумовски