Приведен гостиварец поради бегство од затвор, ќе му бидат поднесени и дополнителни кривични пријави

Од:

Вчера околу 20 часот во село Идризово, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје приведен е 45-годишниот Ш.Ј. од Гостивар, кој се барал со потерница поради бегство од Казнено-поправна установа Идризово каде издржувал казна затвор. Воедно при легитимирањето, пријавениот употребил лажни хрватски документи на име Л.Ј., извести МВР.

– За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветни поднесоци поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” казниво по чл.378 и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво од чл.380 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он