МВР информира дека вчера бил приведен 57-годишниот Р.М. од Гостивар баран со потерница за издржување на затворска казна.
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, врз основа на судска наредба, синоќа во 20.15 часот го привеле Р.М. (57) од Гостивар, кој со потерница се барал за издржување на казна затвор.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.