Приведен гостиварец баран по распишана централна потерница

Од:

Полициски службеници Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги денеска во 11:15 часот на ул.„Шуматоска“ во Гостивар, го лишиле од слобода М.А.(58) од Гостивар, затоа што се барал по распишана централна потерница од МВР, а по Наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради бегство од затвор.

МВР соопшти дека гостиварецот бил осуден на четири години казна затвор по член 215 од Кривичниот законик и се бара за доиздржување на казната.

– М.А. бил предаден во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он