Приведен дилер, запленет кокаин, амфетамин…

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 39-годишниот К.К. од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик. Со цел стекнување на противправна имотна корист пријавениот заради понатамошна продажба набавил и во неговиот дом чувал наркотична дрога која со патничко моторно возило неовластено ја разнесувал и продавал на лица на подрачјето на Скопје, информира МВР.

– На 12.01.2022 година во 21,30 часот во н. Идризово, Скопје од страна на полициски службеници од ОСОСК извршен е преглед на патничко моторно возило „рено флуенс“ со скопски регистерски таблички, управувано од К.К. при што е пронајдена дрога. Истиот ден по Наредба на Судија на претходна постапка од Основен Кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај К.К. , каде исто така е пронајдена дрога и предмети поврзани со кривичното дело, соопшти МВР.

Како што се вели во соопштението на Министерството, при претресите пронајден е кокаин, амфетамин МДМА, ринкофилин, митрагинин…

Лицето е лишено од слобода и преддадено на обвинителството, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват