Приведен дилер од Куманово, пронајдена дрога

Од:

Полицијата вчера приведе 36-годишен дилер од Куманово. При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана – импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема.

– На 22 септември 2021 во 16:10 часот, полициски службеници од Одделот за Крим-полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (36) од Куманово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он