Приведен албански државјанин поради фалсификување на патна исправа

Од:

На граничниот премин Деве Баир вчера при пасошка контрола е констатирано дека државјанин на Република Албанија извршил хемиски и механички корекции на патната исправа, соопшти денеска МВР.

– Вчера во 13:00 часот на Граничниот премин Деве Баир, при пасошка контрола било констатирано дека на една страна од патната испарава на А.Ц.(32) од Република Албанија биле извршени хемиски и механички корекции. Поради сомнение за извршено кривично дело „фалсификување патна исправа“, лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка, се наведува во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он