Приведен 37-годишник од Требош затоа што вперил пиштол кон жител на Тетово

Од:

Во полициска станица за расчистување на инцидент во кое било користено и оружје вчера завршил 37-годишник од тетовски Требош. Тој во текот на вчерашниот ден извадил пиштол и го вперил кон жител на Тетово кој бил во врска со неговата сестра.

– Околу 18 часот и 10 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.С.(37) од тетовски Требош. Десетина минути пред тоа од тетовецот П.М.(25) бил пријавен дека од возило„мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во кое Г.С. се превезувал со неговата сестра и со која бил во љубовна врска, извадил и му вперил пиштол, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес