Приведен 25-годишник откако полицијата му нашла пиштол за кој немал дозвола

Од:

Полицајци привеле 25-годишник од Тетовско Желино откако при контрола на него и во возилото со кое се движел е најден пиштол за што немал соодветна дозвола.

Оружјето му било најдено вчера вечер околу 21:15 часот, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 25-годишниот Ш.И. од тетовско Желино, затоа што при негов и преглед на возилото „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал, му бил пронајден пиштол „екол специјал 99“, калибар 9 милиметри, а за кој непоседувал никакви документи. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За носењето на пиштолот без дозвола 25-годишникот ќе се соочи со соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски