Приведен 18-годишник од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец

Од:

Момче од неготинското село Тремник, рано изутрина било лишено од слобода поради напад врз неготинец, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Утрово во 1:20 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино, го лишиле од слобода 18-годишниот Л.Б. од неготинското село Тремник, по претходна пријава дека во селото, по кратка вербална расправија, со остар предмет го нападнал О.Т., на возраст од 21 година од Неготино, појаснуваат од СВР – Велес.

Л.Б. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар