Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор

Од:

Приватните превозници во јавниот автобуски превоз и Град Скопје денеска постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра, повтрди за МИА од членот на приватните превозници Јовица Зафировски.

Тој потенцита дека повеќе детали ќе објавува на денешната прес-конференцијата закажана за во 11 часот.

Инаку, приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Во меѓувреме градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право.

Јавниот градски превоз, во меѓувреме продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

Би можело да ве интересира

Приватните превозници ќе добиваат надоместок по остварен километар

Приватните превозници се враќаат на скопските улици

Вонредна седница на Совет на Град Скопје за барањата на приватните превозници

Катерина Ѓуровски

Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на советот на Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Постигнат времен договор со приватните превозници

А1он

Дел од приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај