Приватен инвеститор ќе го гради барокно ГТЦ?

Од:

Наместо со државни средства, најавената „барокизација“ на Градскиот трговски центар можно е да биде реализирана од приватен инвеститор, пишува Скопје Инфо.

Министерството за транспорт и врски објави оглас за избор на консултантска куќа што ќе изготви физибилити – студија за да се утврди колкав е интересот од приватниот сектор за вложување во реконструкција, надградба и управување со ова препознатливо здание во главниот град. Физибилити – студијата треба да резултира со пронаоѓање модел за јавно – приватно партнерство, по кој ќе следува објава на оглас за избор на идниот сопственик на ГТЦ. Заинтересираните субјекти за давање консултантски услуги треба да ги достават своите понуди најдоцна до 12 декември.

Според податоците објавени на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, од државниот буџет за изготвување на неопходната физибилити – студија е проценето дека ќе се издвојат финансиски средства во висина од 5.084.746 денари, без вклучен ДДВ (околу 80.000 евра). Документацијата ќе треба да се изготви во период од пет месеци, по што ќе следува и тендерот за пронаоѓање приватен инвеститор. Во меѓувреме, се подготвува теренот за целосна промена на еден од градителските симболи на Скопје. Архитектонското биро „Архитектоника“го изработува основниот проект за реконструкција и надградба на ГТЦ, врз основа на идејното решение на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.

Наместо постоечкиот модернизам, ова здание во иднина треба да добие барокна фасада, антички столбови, како и тераса со бројни скулптури на горниот кат. Асоцијацијата на архитекти на Македонија и невладините организации жестоко реагираа на ваквата идеја, организирајќи протестни собири и барајќи спроведување на референдум за да се осознае мислењето на жителите на Општина Центар за овој проект.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски