ВИДЕО: Притворени полицајци кои земале мито за да не пишат казна за сообраќаен прекршок

Од:

Двајца полицајци, кои им зеле 50 евра поткуп на Срби при контрола за да не ги казнат, завршија во притвор.

Одделот за внатрешна контрола при МВР до ОЈО Велес поднесе кривична пријави против 27 и 22-годишен полицаец од Демир Капија поради кривично дело „примање поткуп”.

– Пријавените во својство на службени лица, со намера да се стекнат со противправна имотна корист за да не извршат службено дејствие кое согласно законот биле должни да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок, на 11.10.2018 година на автопатот во близина на Демир капија, од државјанин на Република Србија побарале и примиле поткуп од 50 евра. Оштетениот откако ги дал парите, се упатил во Полициската станица Неготино, каде го пријавил случајот, по што веднаш, во содејство со јавен обвинител од ОЈО Велес, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола преземаа мерки и активности за обезбедување докази и документирање на кривично правниот настан. Судија на претходна постапка на осомничените полициски службеници им одреди мерка притвор во траење од 30 дена- рече Ангеловски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски