Притворен жител од кичевска Пласница поради силување

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Полициската станица во Македонски Брод до Основното јавно обвинителство во Битола поднесе кривична пријава против И.М. (41) од Пласница, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување“.

Од СВР-Битола денеска информираа дека пријавениот на 31 март оваа година, со измама и употреба на физичка сила, однел малолетничка  во Пласница и во периодот од 23 часот на 31 март до утринските часови на 1 април, извршил полов напад и физичко насилство.

– Откако го извршил делото, најверојатно свесен за тоа што го направил, со возило ја оставил на пат во Македонски Брод. Веднаш по пријавувањето на настанот од страна на полициски службеници од Македонски Брод беа преземени потребните мерки и активности, а осомничениот е приведен и задржан, истакна Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

На пријавениот И.М. од страна на судија по претходна постапка му е определена мерка притвор во траење до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он