Притворен професорот кој нападна ученичка

Од:

54-годишен професор во училиште во Крушево доби притвор од 30 дена поради напад на ученичка информираат од Јавното обвинителство. Случајот во полиција го пријавила мајката на 15-годишното девојче. Прилепската полиција поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство побара притвор, Судот ја одбри мерката.

-Осомничениот на 17.12.2020 година околу 10,00 часот, со злоупотреба на својата положба како професор во училиште во Крушево извршил полови дејствија врз детето, негова ученичка на возраст од 15 години. Кривичното дело осомничениот го сторил напаѓајќи го детето во училница, притоа оштетеното дете го оттурнало од себе и излегло од училницата.

Јавен обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен, па Судот со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. – се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Уапсен е млад гостиварец, обљубил девојче кое не наполнило 14 години

А1он

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“