Притвор за жител на Свети Николе осомничен за илегално производство на марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а Основниот суд во Штип на предлог на надлежниот јавен обвинител му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира Јавното обвинителство, постои основано сомнение дека осомничениот жител на Свети Николе, во текот на 2021 година, на земјоделска површина во селото Стањевци, неовластено произвел наркотична дрога – марихуана. Во октомври годинава ја набрал, ја исушил и ја чувал во куќата во сопственост на неговиот татко. На 7 ноември, при претрес на куќата во Стањевци и помошните простории, полициските службеници пронашле вкупно 834,2 грама марихуана во повеќе различни пакувања, како и семки кои потекнуваат од растителниот род – канабис.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Основниот суд во Штип го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството