Притвор за тренер по стрелаштво во Кавадарци осомничен за силување ученичка

Од:

Притвор од триесет дена за тренер по стрелаштво од Кавадарци изрече надлежниот Основен суд од Велес откако во средата во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци било пријавено дека извршил полов напад врз тринаесетгодишна ученичка од Кавадарци.

Според Министерството за внатрешни работи, 68 годишниот Б.П., кој бил тренер на девојчето, во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката во стрелачкиот клуб во подрумски простории на гимназијата „Добри Даскалов“ .

Случајот е документиран во Полициската станица Кавадарци и е доставен до Основно јавно обвинителство Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Малолетник силуваше девојче, а негов другар снимаше со телефон

Силување во Дојран: Не смееш да бидеш со друг

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана

Скопјанец пријави дека 18 годишник ја обљуби неговата малолетна ќерка

А1он

Обезбедувач во Загреб силувал азилантка од Киргистан

24-годишник вршел полови дејствија врз 5-годишно девојче