Притвор за скопски деликвенти кои противправно стекнале 750.000 денари

Од:

СВР Скопје им одреди мерка притвор на пет лица кои во јануари и февруари годинава противправно стекнале имотна корист од околу 750.000 денари.

Како што соопшти МВР, лицата, сите од Скопје, се на возраст меѓу 26 и 46 години.
Во првиот случај кривично пријавен е К.С. (31) од Скопје за сторено кривично дело „разбојништво“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 500.000 денари. Од страна на Судија на претходна постапка против пријавениот е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

К.С. заедно со уште едно непознато лице (чиј идентитет пријавениот не го открил) на почетокот на февруари во претпладневните часови извршил разбојништво во стан на ул. „Тале Христов“. Претставувајќи се како вработени во ЈП „Водовод и канализација“, влегле во станот на оштетената и по кусо време ја откриле својата вистинска намера. К.С. со нож што го земал од кујната, ја фатил оштетената и со употреба на сила ја турнал на подот, и го ставил ножот на вратот и ја прашал кај ги чува парите. Потоа земал ќебе од креветот, ја покрил и почнал да ја стиска на грбот со коленото и да ја удира со нога во пределот на главата и грбот.

Второто лице во меѓувреме вршело пребарување и претурање по целиот стан при што во кујната, во една од фиоките на ормарот ги пронашол и одзел парите и заедно излегле од станот незабележани од никого се оддалечиле во непознат правец.

По интензивната истрага, К.С. е приведен во просториите на Полициската станица „Бит Пазар“. Против него досега се поднесени шест кривични пријави повеќето од областа на имотните деликти.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба