Притвор за скопјанец, украл неколку мобилни телефони

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

– Во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски центар во Скопје, искористил невнимание на две жени и им ги одзел мобилните телефони, од кои едниот во вредност од 20.000, а другиот вреден 77.000 денари, извести Обвинителството.

„На 23 март годинава, осомничениот искористил што градски автобус кој се движел по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” бил преполн, па од џебот на еден патник одзел мобилен телефон вреден 20.000 денари.

Оценувајќи дека постои опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена“, се додава во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај