А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за пет лица осомничени за трговија со луѓе и криумчарење мигранти

by А1он09/09/2014 - 15:17154
Share0

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против шест македонски државјани, осомничени дека се сторители на кривично дело „Организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти“ и „Криумчарење мигранти“.

Следете a1on на Instagram Instagram

МВР денеска соопшти дека од страна на Судијата на претходна постапка, на кривично пријавените Џ.С. (23), Е.И.(27), Ќ.Б.(45), Д.Ј. (26) и А.А.(30), им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека првопријавениот Е.С. (33), е се уште недостапен.

Имено, Е.С., Џ.С., Е.И., Ќ.Б., Д.Ј. сите од Скопје и А.А.(30) од Куманово и уште две непознати лица, во организација на првопријавениот, за одреден паричен износ, прифатиле поголема група илегални мигранти, на погодна локација кај „Валандовско Брдо“, од каде и се обиделе да ги транспортираат преку Струмица и Радовиш, до подрачјето на Куманово, со цел нивно понатамошно криумчарење преку Србија кон некоја од земјите на ЕУ.

Според документираните сознанија од истрагата завчера (07.09.), се појаснува во соопштението, пријавените оствариле средба на бензиската пумпа „Макпетрол“, лоцирана на автопатот Скопје – Велес, пред наплатна рампа Петровец. На бензиската лицата се прегрупирале, така што, Е.С. управувал патничко моторно возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, непознато лице управувало „Ауди А4“ со гостиварски регистарски ознаки, Д.Ј. управувал со „БМВ 520“ со скопски регистарски ознаки (во кое биле и пријавените Џ.С., Ч.Б. и Е.И., а патничкото моторно возило било во сопственост на првопријавениот Е.С.) и второто непознато лице кое управувало со „БМВ 530“ со непознати регистерски ознаки – постар модел и сите заедно се упатиле во правец кон Гевгелија.

Следете a1on на Youtube YouTube

На погодна локација на „Валандовско Брдо“, застанале и ги прифатиле илегалните мигранти, при што по налог на Е.С. 30 мигранти (од Сирија, Пакистан и Сомалија) биле распоредени во постариот тип на БМВ, во „Ауди А4“ и во „Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки и веднаш се упатиле во правец кон Струмица. Пред Струмица тие завртеле и продолжиле кон Радовиш.

Согласно претходно изготвен план, на неколку пункта, соопшти МВР, беа поставени полициски службеници заради вршење на контрола на возилата за кои постоеја индиции дека во нив се транспортираа мигрантите. Околу 22 часот завчера на патниот правец од Струмица кон Радовиш, од страна на униформирани полициски службеници од Регионалниот центар „Југ“, направен е обид да бидат сопрени пет патнички возила меѓу кои едно „БМВ“, две возила „Ауди“, еден „Фолксваген Голф“, сите со скопски регистерски ознаки, како и едно возило по кое се уште се трага. Наместо да постапат по полициската наредба и да застанат, лицата кои ги управувале наведените возила се дале во бегство. Од страна на еден полициски службеник биле испукани неколку куршуми во воздух за предупредување, по што едно од возилата скршнало кон патролата веројатно со намера да ги заплаши и прегази полициските службеници, доведувајќи ги во опасност. Еден од полициските службеници испукал кон возилото за да го оневозможи и го погодил во багажникот. При тоа е погодено едно лице, илегален мигрант, кој бил сокриен во багажниот простор. Ова било утврдено откако возилата биле сопрени на следниот поставен пункт во непосредна близина на клучката за Радовиш.

Едно возило било напуштено и оставено на половина километар од инцидентот, две од возилата имале меѓусебен судар во близина на следната контрола, едно возило било сопрено од полицијата, а петтото по кое се трага успеало да побегне. Илегалниот мигрант кој бил повреден е пренесен во УЦ-Скопје, каде му е констатирана огнострелна рана.

За време на акцијата се откриени и приведени вкупно 30 илегални мигранти со потекло од Сирија, Сомалија и Палестина, меѓу кои имало и шест малолетници на возраст од 5 до 13 години кои се сместени во Транзитниот центар за странци во Скопје.

mvr

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео