Притвор за осомоничениот за убиство на Хамир Хасани во Мала Речица

Од:

Триесет дена притвор определил судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово на Џ.Х. (56) од Тетово како осомничен дека е сторител на вчерашното убиство на Хасмир Хасани (43) од Лисец што околу 15 часот и 30 минути се случи во чајџилница во тетовска Мала Речица, информираа од тетовската полиција.

Определениот притвор тој ќе го издржува во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Претходно од страна на СВР Тетово била поднесена кривична пријава против осомничениот Џ.Х. до основното јавно обвинителство за сторени две кривични дела убиство и недозволено држење оружје бидејќи при неговото денешно апсење кај него биле пронјдени и одземени пиштол „ТТ“ од руско производство и 30 куршуми што тој ги поседувал без дозвола. Оружјето и муницијата заедно со други предмети се предмет на стручно вештачење во постапката. Џ.Х. е осомничен дека вчера околу 15 часот и 30 минути со пиштол го застрелал Хасмир Хасани по што тој починал во чајџилницата во Мала Речица додека осомничениот успеал да избега.

Утринава околу 6 часот полицијата го открила Џ.Х. во непосредна близина на мостот помеѓу тетовските села Пршовце и Теарце при што тој го извадил пиштолот што го имал со себе и се обидел да го употреби односно да пука кон полициските службеници но брзо и ефикасно бил совладан по што бил приведен во СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он