Притвор за осомничен за тешки кражби во Велес

Од:

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 20-годишен велешанец против кого се поднесени три кривични пријави за кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

– Во временскиот период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем број подвижни предмети со намера истите противправно да ги присвои. Бидејќи се работи за лице кое нема постојано место на живеење и се јавува како чест сторител на кривични дела против имотот, па постои опасност доколку се брани од слобода да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе предлог за определување притвор против осомничениот, соопшти Обвинителството.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај