Притвор за осомничен за илегална трговија со хероин од Стојаково

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија извести дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Стојаково, Општина Богданци, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, на 6 октомври во утринските часови, на предното совозачко седиште во неговиот автомобил „Застава Југо“ пренесувал 20,24 грама наркотична дрога – хероин во две полиетиленски пакувања, како и 19,72 грама мешавина од кофеин и парацетамол кои се користат како додаток за зголемување на количината на дрогата. При преглед на возилото на локалниот пат од Стојаково кон Богданци, полициските службеници ја пронашле дрогата и ја одзеле, се вели во соопштението на Обвинителството.

– Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека осомничениот може да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото. Судијата ги прифати аргументите на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се додава во соопштението на Обвинителството. ​​

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје