Притвор за охриѓанец осомничен за серија кражби во Охридско

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.Т. (24) од Охрид,  осомничен дека е сторител на шест кривични дела кражба и тешка кражба и едно кривично дело уништување или оштетување јавни инсталации.

Според полициското соопштение, на 22. април пријавениот со други две засега непознати лица, од трафостаницата на ЕВН лоцирана во населбата „Св.Стефан“ одзеле бакарен енергетски кабел и девет главни бакарни шини со должина од 1,5 и 2 метри. Тоа го направиле откако со копач ја отвориле металната влезна врата од трафостаницата. Неколку дена пред тоа, од погоните „Дистрибутивни трансформатори“и „Разделувачи“ на А.Д.„ЕМО“ одзеле над 350 килограми бакар.

Во текот на месецов, оваа тричлена група бесправно одзела бакарни кабли, бакарни контакти и други бакарни предмети од трафостаницата на „ЕМО“ во охридската населба „Лескајца“.

Во текот на минатиот месец пријавениот А.Т. заедно со неговата група, од магацин во селото Опеница одзеле пет електромотори со различна моќност и петметарски трофазен кабел. Тие со употреба на соодветен алат и физичка сила го пресекле и кабелот за довод на струја кај балонот за фудбалско игралиште на булеварот „Туристичка“ што е во изградба. Пријавениот, исто така минатиот месец возејќи велосипед, од минувач на улицата „Караорман“ насилно оттргнал ташна во која имало пари, два златни прстени и лични документи.

Со извршените казнени дела, сторителите стекнале противправна имотна корист над 410 илјади денари. На приведениот А.Т. од страна на Истражен судија му е одредена мерка притов во времетраење од 30 дена, додека во тек е потрага по соучесниците во извршувањето на казнените дела.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа