А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

by А1он01/10/2019 - 10:44320
Share0

Основното јавно обвинителство – Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане, Липково, поради основано сомнение дека извршил кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Следете a1on на Instagram Instagram

Осомничениот, како што соопшти Обвинителството, на 29 септември годинава со употреба на опасно орудие нападнал службено лице-полицаец и при тоа телесно го повредил. Полицаецот бил во состав на мото патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејствија за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.

Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот обвинител доставил предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донел решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.

hronikamvr

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он15/10/2026 - 15:5315/10/2026 - 16:53

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он14/10/2026 - 18:3314/10/2026 - 19:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео