Притвор за лице од Сарај поради трговија со оружје и распрскувачки материи

Од:

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со оружје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде Ф.Н. (41) од с. Сарај, заради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – „недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За стореното кривично дело, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија, како што се наведува, судија во претходна постапка му изрече мерка притвор во траење од 30 денови.

Имено, полициските службеници од Единицата, работејќи по оперативно сознание, дошле до податок дека во домот на пријавениот во скопски Сарај, има поголема количина на огнено оружје и муниција за кои тој не поседувал соодветна дозвола. Со оперативниот податок е запознаен Јавен обвинител, со чија консултација, а врз основа на наредба од Основен суд 1 Скопје, е извршен претес во домот на Ф.Н..
При претресот се пронајдени една автоматска пушка кал. 7,62 мм, четири рамки за автоматска пушка со 120 куршуми, 90 куршуми 7.62 мм пиштолска муниција, еден пиштол марка „Берета“, кој го поседува со дозвола и две рамки за истиот, 336 куршуми 9 мм, два звучно сигнални пиштоли „Екол“ и четири куршуми за истите, кои се одземени и предадени за криминалистичко техничка обработка, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас