Притвор за криминалец од кичевско поради предизвикување општа опасност

Од:

Вчера, полициски службеници од ОВР Кичево и Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал го лишија од слобода 59-годишниот А.А. од село Туин, кичевско поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“, предвидено со чл.288 од КЗ, извести МВР.

– Имено, А.А. на 04.12.2021 подметнал пожар во викенд куќа во с.Кнежино, кичевско, сопственост на С.К., соопшти МВР.

Поднесена е кривична пријава до ОЈО Кичево и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он