Притвор за командирот и двајца полицајци, молк дали ќе има разрешување на директорот на „Идризово“

Од:

На командирот од „Идризово“ Срѓан Димитриевски, во чија смена беше спроводот на затвореникот кој избега, му е одреден притвор во времетраење од осум дена и тој е однесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, дознава „А1он“. Освен него, притвор им е одреден и на двајца од тројцата полицајци. Утринава тие се спроведени во затворот. Кривичниот суд смета дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега, со оглед дека има низа пропусти во процедурата за негов спровод.

Командирот и полицајците беа задржани во полициска станица цел ден, по што, даваа исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција каде има полициско одделение за гонење на лица со полициски овластувања. Обвинителката Лиле Стефанова, доставила предлог за одредување на притвор, кој и бил прифатен. Познато е дека еден од полицајците и натаму е на лекување, а тоа е возачот кон кого затвореникот пукал пред да избега.

Од Управата за извршување санкции побаравме одговор дали ќе се предложи разрешување на директорот на „Идризово“, Шпенд Тахири, поради бегството, но и другите скандали поврзани со затворот во изминатиот период. Оттаму веќе еден ден не одговараат на прашањето.

„А1он“ веќе објави дека командирот кој сега е во притвор е лице осудено за примање мито како полициски службеник од МВР. Од таму добил отказ, па стана командир во затворот. Тој беше дежурен командир и за време на новогодишната вечер, кога млад затвореник беше брутално претепан. Директорот за санкции, Марјан Спасовски во интервјуто за „А1он“ од пред два дена, кажа дека бил запознаен со сите овие факти, но не гледаше зошто би го тргнал од функцијата – командир. Тој додаде и дека контактира лично со командирот Димитриевски, но не сакаше да ги покаже пораките во неговиот телефон.

Би можело да ве интересира

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Горан Наумовски

Осуденик се обидел да избега од „Идризово“