На двете лица кои беа приведени и за кои има соменние дека се учесници во киднапирање на внукот на Љубе Бошкоски им е одреден притвор од 48 часа како што бараше обвинителството. Од судот ја потврдија информацијата дека на двете лица им е одреден притвор.
Четириесет и осум часа притвор им е одреден на двајцата уапсени во врска со киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, потврдија од судот за А1он. По истекувањето на овој притвор, во зависност од информациите до кој ќе дојде обвинителството, за степенот на вмешаноста на овие лица во грабнувањето на исчезнатиот Самоил, обвинителството и судот ќе одлучат дали за овие лица ќе се бара дополнителен притвор.
На 8.3.2023 од полициски службеници од СВР Скопје се уапсени В.М. и С.Ч., поради сомнение за нивна инволвираност во случајот во врска со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје, велат од полицијата за „А1он“.