Притвор за двајца криумчари на мигранти

Од:

На 12 април, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север, а во координација со ОЈО за ГОКК, реализираше случај на криумчарење мигранти, извршено од страна на двајца илегални мигранти, информира МВР.

– Со цел стекнување на противправна имотна корист, во временскиот период од 10 до 12 април 2022 година, двајца мигранти од Авганистан, М.Б.(27) и Ф.Х.(30), со умисла и од користољубие, во улога на водичи, прифатиле и нелегално пренеле тројца мигранти од Конго, Камерун и Брегот на Слоновата Коска од Атина, Р.Грција до Куманово, со цел нивно прифаќање и времено засолнување на подрачјето на Куманово (атар на селата Лојане и Ваксинце), а оттаму нивно пренесување преку македонско-српската граница до државите на ЕУ, соопшти МВР.

– Кривично пријавените лица, по претходен договор за сума од 800 до 1.000 евра по лице, ги прифатиле илегалните мигранти на претходно утврдени и договорени локации во Атина и организирале нивно префрлување со возило до локација во близина на грчко-македонската гранична линија, по што пеш нелегално преминале на територијата на нашата држава и ги одвеле до кумановскиот регион, за нивно понатамошно пренесување во Р.Србија. На 13.04.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против М.Б и Ф.Х., двајцата од Авганистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 в.в став 1 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка, на двете кривично пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски