Притвор за двајца браќа заради дрога и оружје​

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка за двајца браќа, жители на село Боговиње, Тетовско, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, а еден од нив и неовластено држење на оружје.

„При извршен претрес од службени лица на 18 мај 2021 година, на две локации, во Тетово и во село Боговиње, заради продажба држеле наркотична дрога марихуана распоредена во одделни пакувања со вкупна нето маса од 9375,4 грама. Покрај дрогата, при претресот во куќата во с. Боговиње бил пронајден и еден пиштол марка „Бруни“ со калибар 8 мм, кој неовластено го држел еден од осомничените“, соопшти Обвинителството.

Обвинителството до Основниот суд Тетово поднесе предлог за определување на мерка притвор за двајцата браќа, поради потреба да се обезбеди непречено водење на кривичната постапка.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај